Поранешниот директор на Фолксваген обвинет за измама

Од:

Германските обвинители поднесоа обвиние против поранешниот директор на Фолксваген Мартин Винтеркорн и четири други лица за измама и други престапи поврзани со долгогодишните напори на компанијата за фингирање на резултатите од тестовите за емисиите на дизел.

Во денешното соопштение, обвинителите посочија дека Винтеркорн знаел за праксата на измама, најмалку од мај 2014 година и не сторил ништо за да го спречи тоа.

Тоа е спротивно на сведочењето на Винтеркорн во германскиот парламент дека тој не знаел за проблемот сè до објавата на американските истражители во септември 2015 година, пренесува Фена.

Винтеркорн поднесе оставка на функцијата директор неколку дена подоцна.

Обвинителите велат дека обвинетите, од кои сите биле на раководни функции во „Фолксваген”, се дел од актуелната манипулативна шема, која започнала во 2006 година.

Компанијата призна дека поставила софтвер кој може да утврди кога тестираните автомобили ги достигнуваат границите на емисиите на штетни гасови. Кога автомобилите учествувале во секојдневното возење, контролата на емисии на гас била исклучена, подобрувајќи ги перформансите, но емитувајќи далеку повеќе од американскиот законски лимит на нитроген оксид, загадувач кој е штетен за здравјето.

Вкупно 11 милиони автомобили беа опремени со нелегален софтвер.

Обвинителите тврдат и дека обвинетите направиле преправка на софтверот, која чинела 23 милиони евра во 2014 година, во обид да ги прикријат вистинските причини за зголемено загадување за време на редовното возење.

Винтеркорн и другите три лица се соочуваат со затворска казна од шест месеци до десет години доколку бидат осудени за тешка измама, што предизвикала големи загуби. Меѓу останатите обвиненија се и нелојална конкуренција и повреда на довербата.

Приходите генерирани од продажба со измама може да се одземат. Обвинителите изјавија дека износот на овие приходи може да се движи од 300.000 до 11 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Измамник од Тетово зел автомобил од познаник и го продал

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“