Бугарскиот имигрант Дејан Дејанов (29) ја нападнал Британката Џенифер Милс-Вестли (60) во една продавница во градот Санта Круз на Канарските Острови нанесувајки и десетина убоди со нож во грбот и по вратот,а потоа и ја отсекол главата.
Грозоморното убиство кое предизвикувајки револт и згрозеност во Шпанија, се случи во мај минатата година. Полицијата набргу го откри Дејанов и го уапси,а во локалниот суд во овој град на островите денеска почна неговото судење.
На првото рочиште, бугарскиот имигрант рече дека на ништо не се сеќава и отфрла дека тој е човекот на снимнките направени од безбедносните камери во продавницата,кој ја напаѓа и ја убива Британката.
Тој признава само дека пред да биде уапсен, бил дрогиран,со крек кокаин и со ЛСД.
Пред поротниците,Дејанов тврди дека воопшто и не живеел на Канарските Острови,како и дека бил „воден од гласови кои го насочувале како да се однесува и што да прави“.
Гласовите ми велат дека јас сум ангел на Исус Христос,испратен за да создадам нов Ерусалим-вели бугарскиот имигрант,инсистирајки дека гласовите му зборувале еднаш да убие,друг пат да се бори,трет пат да се моли,па дека тој така и се однесувал.
Обвинителот бара максимлна казна од 20 години затвор, во строго обезбедена психијатриска единица.Адвокатот на Дејанов вели дека тој е тешко болен човек без дијагноза и третман од тешка шизофренија. Британката беше пензионерка од англискиот град Норич,која живеела на Канарските Острови.