ВМРО-ДПМНЕ: Десковска со службено возило и маичка од кампања на партиски митинг

Од:

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека најостро ја осудува злоупотребата на државни ресурси во политички цели од страна на високи функционери на СДСМ.

-Кога министерот за правда може да си дозволи со службено возило во маички од кампања да оди на партиски митинг можеме само да претпоставиме што прават пониските ешалони на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за правда Рената Треневска Дескоска веднаш да си поднесе оставка заради морална одговорност, а државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и другите надлежни институции да покренат прекршочни и кривично постапки.

По оваа злоупотреба од страна на Дескоска сосема е јасно зошто СДСМ се противи на реформи кои ќе значат независно и професионално јавно обвинителство и судство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот