Во Велес, во куќата на М.Ј.(29), на 18.02.2013 година, во 01,00 часот, дошол нејзиниот пријател Ј.Т.(22) од Штип со кого била во љубовна врска, при што настанала вербална расправија во која Ј.Т. физички ја нападнал М.Ј., удирајќи ја со тупаници по главата и телото, а потоа со нож и нанел две убодни рани во пределот на рацете и колено.
МВР денеска соопшти дека по нападот М.Ј. е пренесена во Медицински центар Велес за укажување лекарска помош, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Ј.Т. и расчистување на случајот.