Проблемот со иранската нуклеарна програма може брзо да биде решен, ако групата 5+1 ги признаат нуклеарните права на Исламската република, изјави ирански претставник, јави ДПА.
– Ќе има брзо решение ако групата 5+1 покаже добра волја и преземе соодветни и балансирани иницијативи, како што е признавање на нуклеарните права на Иран, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст.
Ние преземавме обврска кон Договорот за неширење на нуклеарното оружје и затоа сакаме нашите права да бидат заштитени според истиот. – Затоа сите закани и притисоци во преговорите се несоодветни и дефинитивно нема да функционираат, изјави претставникот, додавајќи дека меѓу тие права е и збогатувањето ураниум.
Претходно вицепретседателот на САД Џо Бајден изјави дека Вашингтон е подготвен за директни преговори со Иран. Техеран, сепак го отфрли предлогот.