Премиерлигашот Вест Хем е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ. За таа цел, според „Газета дело Спорт“ раководството на клубот од Лондон е подготвено да издвои 40 милиони евра.
Се шпекулира дека и Манчестер јунајтед го сака Хрватот во своите редови и дека тој ќе им биде една од главните цели во летниот трансфер прозорец.
Вест Хем на 30-годишен фудбалер, му нуди тригодишен договор и плата од пет милиони евра.
Сепак за трансферот на Перишиќ треба да се праша и Интер кој не сака да го пушти својот играч за сума помала од 60 милиони евра.
Перишиќ има важечки договор со „неро-азурите“ до 2022 година.
Оваа сезона хрватскиот репрезентативец за Интер одигра 27 натпревари постигна шест и направи пет асистенции.