Мигранти насилно влегоа од Гватемала во Мексико на пат кон САД

Од:

Мексиканските власти денеска соопштија дека околу 350 имигранти ја обиле бравата на капијата на границата со Гватемала и насилно влегле во јужниот дел на Мексико за да се приклучат на поголема група мигранти, кои се обидуваат да стигнат до САД.

Националниот институт за имиграција не ја идентификуваше националноста на мигрантите, но, повеќето се од Централна Америка.

Сличен судир се случи и на истиот граничен мост меѓу Мексико и Гватемала минатата година.

Институтот соопшти дека мигрантите постапувале „непријателски” и „агресивно” и ги обвини дека ја нападнале локалната полиција во Метапа, мексиканско село, кое лежи меѓу границата и градот Тапачула.

Околу 350 луѓе минале покрај полицијата, која го чувала мостот и се придружиле на поголема група од околу 2.000 имигранти, кои се упатиле кон градот Тапачула во Мексико.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија