Путин минатата година заработил 135.300 долари

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин минатата година заработил 135.300 долари, што е околу 20.000 долари помалку отколку во 2017 година, според неговата даночна пријава објавена на веб-страницата на Кремљ.

Просечниот месечен приход на рускиот претседател во 2018 година изнесувал 11.200 долари.

Во пријавата се наведува дека имотот на Путин не се променил во текот на минатата година. Тој поседува стан од 77 квадратни метри и гаража од 18 квадрати. Рускиот претседател поседува уште еден стан од 153 метри квадратни и паркинг простор од 18 квадрати. Сиот имот на Путин се наоѓа во Русија.

Путин е сопственик на два стари модели на автомобили Волга ГАЗ М21, како и теренско возило Нива и камп приколка Скиф.

Приходот на Путин е помал од 20.0000 долари во однос на претходната година, бидејќи во даночната пријава од 2017 година тој пријавил сума од продажба на земјиште од 1.500 квадратни метри.

На веб-страницата на Владата објавена е и даночната пријава на премиерот Дмитри Медведев, која  покажува дека тој заработил 153.975 долари во 2018 година, што е околу 16 проценти повеќе отколку во 2017 година.

Просечната плата на рускиот премиер минатата година изнесувала 12.850 долари.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп