Вице Заев е јавна личност и е главен бизнис фактор во државата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по денешното трето и последно рочиште за тужбата за клевета и навреда поднесена од братот на премиерот, Зоран Заев, Вице Заев.
„Имам полно право да изнесувам свои ставови и гледишта. Очекувам судот да ја одбие тужбата. Ме изненади што Вице Заев не дојде денеска, а тој е тужител“, рече Николоски.
„Заев рече дека да е до него тужбата би била повлечена. Е сега имам една дилема, дали браќава меѓу себе не комуницираат што е надвор од умот, или функционираат како и досега…”
Објавата на пресудата судијката Кети Германова ја закажа за 22 април.
Васко Маглешов