Игокеа се врати на врвот, Раднички победи по две продолженија

Од:

Следниот противник на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, тимот на Игокеа, повторно е на лидерското место на табелата, откако го победи Задар со 90:75.

На вториот синоќешен натпревар со кој беше комплетирано 21.коло од ова регионално кошаркарско натпреварување, во драматична завршница и дури по дополнителни 10 минути Раднички ја победи Цибона.

Конечниот резултат е 105:101 (21:28; 25:19; 17:23; 19:12; ЕТ1 13:13 и ЕТ2 10:6). Резултати на другите натпревари од овој круг во АБА лигата: Шолнок – Унион Олимпија 89:72, Сплит – Крка 61:71 и Будуќност – Широки 65:57, Цедевита – МЗТ Скопје 78:80 и Црвена Звезда – Партизан 84:76.

Табела: Игокеа 16-5 (победи-порази), Црвена Звезда 15-6, Будуќност 13-8, Раднички 13-8, Партизан 13-8, Цедевита 12-9, Унион Олимпија 11-10, МЗТ Скопје Аеродром 11-10, Крка 9-12, Цибона 7-14, Широки 7-14, Задар 7-14, Сплит 7-14 и Шолнок 6-15.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ