Брендон Пен најдобар кошаркар на првото коло во Супер-лигата

Од:

Со 37 индекс поени за ефикасност, базирани на 36 поени, седум скока, две асистенции и две украдени топки, кошаркарот на Блокотехна, Брендон Пен од Блокотехна е прогласен за играч на првото коло во рамки на Супер-лигата. објавено е на веб-страницата на Македонската кошаркарска федерација.

Сепак и тоа не беше доволно, гевгеличани да го избегнат поразот од Гостивар (94:98) со што се заокружи првото коло од тековната натпреварувачка сезона (2018/2019) во Супер-лигата.

Гостинските екипи победија и на другите натпревара од првата рунда:
Куманово – Работнички 57:75 и
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 76:88.

Следи пауза поради натпреварите од завршниот турнир од Купот, предвиден да се одигра претстојниот викенд во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ