Слаб снег на дел од патиштата

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Слаби врнежи од снег има на планинските места во западниот и југозападниот дел од државата, но без да се задржува на коловозот и без пречки во сообраќајот.

Автомото сојузот на Македонија АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата, што трае до 15 март.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози