Делегација од американски конгресмени пристигна во посета на Куба, за да се запознаат со економските промени во државата и да бара ослободување на притворениот американски бизнисмен Ален Грос.
Тоа е прва посета на висок американски политичар на Куба, откако претседателот на САД Барак Обама беше реизбран во ноември.
Пред една година друга делегација од американски конгресмени го посети островот и се сретна со претседателот Раул Кастро, како и со Грос. Американскиот бизнисмен беше осуден во 2009 година на 15 години затвор по обвинение за распространување комуникациска опрема.
Конгресмените сега истакнуваат дека ослободувањето на Грос е решавачка претпоставка за подобрување на односите меѓу САД и Куба, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.