Културно-забавна програма и изложба на традиционални ромски занаети, јадења и облека во Кочани

Од:

Изложба на изработки од традиционалните ромски занаети, како и на карактеристични ромски јадења и облека организираше здружението „Светла иднина“ од Кочани, во рамки на одбележувањето на 8 Април, Светскиот ден на Ромите.

Во Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа и културно-забавна програма на која настапија десетина групи од детската градинка „Павлина Велјанова“ и повеќе музички состави со мешана етничка припадност.

-Сакаме го истакнеме заедништвото меѓу ромското население и останатите етнички заедници во локалната средина, а што во Кочанско има долга традиција на толеранција и соживот. Истовремено, остануваме на определбите да бараме од локалните власти да продолжат да работата на надминување на проблемите со кои се соочува ромската заедница, пред се во сферата на инфраструктурата, но и во образованието и социјалната заштита, истакна Мануела Саидова, извршен директор на Центарот за културна, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“.

По повод празникот, честитка до сите припадници на ромската националност упати градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој повика на меѓусебно почитување и толеранција. Притоа, изрази подготвеност во рамките на надлежностите на единицата на локалната самоуправа да се интервенира секаде каде што има потреба да се подобри животот на граѓаните од Кочани, без оглед на нивната националност и верска припадност.

Куриозитет на настанот беше настапот на прочуениот кочански трубач Неат Велиов, основач на светски познатиот „Кочани оркестар“, кој свиреше во придружба на „Старс бенд“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање