Отворен конкурс за Прв меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019“

Од:

Во организација на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово е отворен конкурс за Прв меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019“.

Пријавувањето на конкурсот трае до 5 мај 2019 и е отворено за учество на сите филмски дела, направени од професионални и непрофесионални поединци и групи. Филмовите може да бидат од сите видови: игран, документарен, експериментален, анимиран. Кратките филмови треба да се во должина до 30 минути.

Пријавувањето е со пополнување на апликацискиот формулар на следниов линк, како и на е-mail адреса [email protected] .

На конкурсот ќе се доделат три награди: награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија и награда за најдобра приказна/сценарио.

Дополнителни детали за фестивалот со известувања и новости може да се најдат на следниве адреси: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ и ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2019 . Фестивалската веб-страна е  http://filmay.kozjak.mk .

Фестивалски проекции ќе бидат на 29 мај 2019 во Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино „Напредок“).

Идеи од кои се води фестивалот се следниве:

ФИЛМАЈ смета дека било што може да е дел од филмската приказна, без оглед колку однадвор или настрана е од видливата и чујна содржина на филмскиот кадар.

ФИЛМАЈ се начнува како меѓународен филмски фестивал, воден од идејата дека големи промени се постигаат преку низ од мали чекори.

ФИЛМАЈ има намера да поттикне неконформистичко размислување со идеи кои потекнуваат од надвор-од-кутијата.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето