Ирански воени бродови ќе се закотват во кинески пристаништа

Од:

Командантот на иранската морнарица, адмиралот Хабиболах Сајари, истакна дека флота на ирански воени бродови во блиска иднина ќе поминат низ теснецот Малака (Малајскиот премин) и ќе се закотват во кинески пристаништа.

Сајари истакнува дека ова е во согласност со заповедите на врховниот лидер ајатолахот Хамнеи, кој истакна дека е потребно Иран да го прошири своето влијание и присуство во меѓународните води.

Сајари напоменува дека присуството на иранските воени бродови во меѓународните води не претставува закана за никого, истакнувајќи дека според меѓународното право, Иран има право да плови на отворено море. Исто така наведува дека иранските трговски бродови – кои претходно биле жртви на пирати во областа на Аден и Баб ел Мандеб – сега ќе бидат многу побезбедни.

Понатаму, Сајари истакнува дека иранската морнарица планира во иднина да има постојано присуство во областа на Малајскиот премин – теснец помеѓу Малајскиот полуостров и индонезискиот остров Суматра. Не е речено кога точно, но Сајари истакнува дека иранските воени бродови ќе се закотват во кинеските пристаништа “наскоро”.

Да потсетиме, неодамна е објавено дека во тек е изградба на иранска поморска база во непосредна близина на Пакистан.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он