Единаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

СВР Скопје информира дека од сообраќај се исклучени шест возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 23 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, двајца почетници и 27 нерегистрирани возила.

Полицијата казнила и 26 возачи кои разговарале на мобилен телефон, 15 возачи поради не носење сигурносен појас и пет возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради не носеле заштитен шлем.

Превземени се мерки и против тројца возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, тројца за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување. Санкционирани се и двајца пешаци кои направиле сообраќаен прекршок.

За непрописно паркирање издадени се 121 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски