Генерал Скшипчак: Западот ќе употреби нуклеарно оружје против Русија во случај на „агресија”

Од:

Полскиот генерал Валдемар Скшипчак изјави дека Западот ќе употреби нуклеарно оружје против Русија во случај на „агресија“ од нејзина страна.

Генералот, исто така, истакна дека САД претходно биле подготвени да употребат нуклеарно оружје за да ја „спречат Црвената армија на територија на Полска“ и такви планови сè уште постојат во случај на „руска агресија“.

Скшипчак додаде дека ниту една европска земја, вклучувајќи ја и Полска, нема да може да се соочи со руската армија. Од таа причина, во 1999 година, Варшава се приклучи на Северноатлантската алијанса, објасни генералот.

Покрај тоа, генералот истакна дека процесот на донесување одлуки во НАТО е премногу долг. Според Скшипчак, Русија може без никаков проблем да ја окупира територијата на балтичките држави, а битката меѓу Алијансата и Руска армија ќе премине и на територијата на Полска.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија