Теодоракис: Некои од оние што сега се против Договорот од Преспа, бараа да го изгласаме

Од:

Лидерот на грчката политичка партија Река, Ставрос Теодоракис кој го поддржа Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, во интервју за радиото „Њуз247“ открива дека истите оние кои сега на плоштадите се против Договорот, барале од Река да гласаат за него за да не се префрли на нив жешкиот костен.

На прашањето на новинарот дали е точно дека некои од Нова демократија велеле „ставете ја Река да се изгласа за Договорот од Преспа“, Теодоракис вели „секако дека е вистина“ и го објаснува неговото тврдење, јави дописничката на МИА од Атина.

-Оние луѓе кои излегуваат сега на плоштадите и велат што е ова што се случи со Македонија и кои се лошите луѓе што го сторија тоа, истите тие луѓе ни велеа немојте случајно да отстапите, немој случајно да не го направите тоа, немој случајно ние да го земеме жешкиот костен. Ова беше нивното однесување и мислам дека ќе им суди историјата, бидејќи мислам дека народот веќе почна да носи свои заклучоци, објасни Ставрос Теодоракис за „Њуз247“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он