Османи: Нема да дозволиме изборите да не оддалечат од реформите

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со регионалната директорка на Програмата за развој на Обединетите нации за Европа и заедницата на независни држави, Мирјана Шпољариќ-Егер со која разговараше за тековните и идните планови на УНДП во државата, како и за развојните предизвици на процесот на европска интеграција.

– Во моментов сме во период на предизборие, во тек на претседателска кампања, што, иако ги забавува процесите, не треба да претставува пречка да продолжиме со спроведување на реформите за европската интеграција на земјава, и во таа смисла, стратешкото партнерство со УНДП за поддршка на агендата за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ е добредојдена, истакнал Османи, посочувајќи дека пролетниот извештај за состојбите и напредокот на земјата од страна на Европската комисија, ќе го рефлектира позитивниот реформски моментум во државата.

Османи, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравил поддршката од УНДП за искористување на процесот на интеграција во ЕУ за постигнување одржлив, инклузивен и забрзан раст согласно најдобрите практики и меѓународните и регионалните искуства.

Двајцата соговорници изразиле увереност дека соработката ќе продолжи и во следниот период, со оглед на посветеноста на Владата во поддршка на политиката на ОН – „Никој да не заостане”.

УНДП досега има спроведено над 200 проекти во вредност од над 66 милиони евра од осамостојувањето на државата, од кои 27 се спроведуваат тековно со буџет од околу 19 милиони евра. Соработката успешно се реализира веќе 25 години.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски