Најголемиот број на посвоени лица во светот се деца, што звучи целосно логично, затоа што да посвоиш некого има смисла само ако тој некој не може да се грижи за себе. Но, не е баш така и во Јапонија.
Имено, во Земјата на излегувањето на Сонцето, најголемиот број на посвоени лица се на возраст меѓу 25 и 30 години.
Објаснувањето на оваа чудна статистика лежи во фактот што голем дел од најсилните корпорации се водени од страна на роднините на претседателот или на извршните директори, и тие ако сфатат дека нивниот наследник не е способен да ја преземе империјата, ќе посвојат некој кој ќе може.
Статистиките покажуваат дека семејните компании функционираат многу подобро отколку оние кои тоа не се.
Така, праксата која инаку била вообичаена во античкиот Рим, опстојува на Далечниот Исток.