А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седум активни пожари, кај крушевското село Норово ангажиран и хеликоптер

by А1он02/04/2019 - 15:38232
Share0

Седум пожари се активни во моментот во државата, а 11 се локализирани. Во гаснењето на пожарот во атарот на селото Норово кон селото Селце во општина Крушево утринава повторно е ангажиран хеликоптер на Армијата.

Добивај вести на вибер

Од Дирекцијата за заштита и спасување попладнево информираат дека покрај хеликоптерот на терен интервенираат и пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Крушево и вработени од шумското стопанство „Липа“. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 хектари. Пожарот во текот на вчерашниот ден по интервенцијата на хеликоптерите од АРМ бил локализиран, но во вечерните и утринските часови повторно се активирал и се прoширил.

Активен е и пожарот кај селото Јакреново каде гори нискостеблеста дабова шума на површина од околу 50 хектари. Интервенираат од шумското стопанство „Липа“, а во текот на денот се очекува засилување од страна на Територијалната противпожарна бригада и од хеликоптерот на АРМ, кога ќе завршат со интервенцијата кај селото Норово.

Во општина Долнени активен е шумскиот пожар во атарот на селото Гостиражни каде од утрово интервенираат вработени од шумското стопанство „Црн бор“, а во моментот се интервенира да не се прошири и пожарот во атарот на селото Полчиште во месноста викана Торнева нива во општина Прилеп. Во општина Демир Хисар активен е пожарот меѓу селата Мренога и Вирово каде е опожарена дабова шума и сува трева.

Во општина Чашка пожарот што се појави во атарот на селото Мокрени и се прошири кон селата Богомила и Габровник во делот на селото Богомила гори со слаб интензитет, а кај селото Габровник е со посилен интензитет. На пожарот кон селото Габровник ангажирани се лица од шумското стопанство „Бабуна“ и пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Велес, а побарано е и ангажирање на авиони бидејќи пожарот брзо се шири кон Прилеп.

Локализирани се пожарите кај месноста Петлец во атарот на селото Русиново, селото Владимирово, селото Врбоец, селото Пресека во близина на манастирот св.Богородица, кај селото Катлановска Сушица и кај Љуботенски бачила, а под контрола е ставен пожарот кај селото Цветово во општина Студеничани. Локализирани се и пожарите во реоните на селата Бајково и Бадилен, а под контрола се пожарите во селата Луковица и Седларево.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека денеска во Центарот за управување со кризи е одржан состанок со сите раководители на регионалните центри за управување со кризи на кој се разгледани предизвиците и слабостите со кои се соочуваа институциите на системот за управување со кризи при справување со пожарите. Во наредниот период, информираат оттаму, ќе се преземат соодветни мерки и активности за навремено координирање и ефикасно справување со шумските пожари.

pozar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Горан Наумовски27/02/2026 - 18:33

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:10

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он21/02/2026 - 14:15

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен