Фрлен молотов коктел на гласачко место во Украина

Од:

Непознато лице фрлило молотов коктел на едно избирачко место во покраината Чернигов, во Украина, каде што се одвиваат претседателски избори. Во инцидентот немало повредени.

„Во 10.50 часот непознат извршител фрлил бензинска бомба на едно од бирачките места во градот Борзна“ – објави украинското Министерство за внатрешни работи на својот твитер профил.

Како што се наведува во соопштението, пожарот бил изгаснат веднаш и гласањето не било прекинато.
Како што соопштија од Централната изборна комисија на Украина, до 11 часот на гласање излегле 16 отсто од украинските гласачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он