Судот во јеменскиот град Мукала им изрекол шестгодишна затворска казна на тројца албански морнари од брод со кој транспортирале 179 тони муниција, а која беше заплената во декември минатата година во пристаништето во Мукала.
Станува збор за капетанот на бродот Ариф Бакилари, првиот фицер Михал Чангоњи и главниот механичар Незир Шахај. Судот ја конфискувал и запленетата стока.
Бродот „ЕОС“ кој пловел под знамето на Малдивите тргнал од Грција во јули минатата година во правец на Драч, потоа бил натоварен на едно од пристаништата во Црна Гора со оружје, муниција експлозив кои биле српско производство. Капетанот на бродот, Бакилари, пред судот изјавувал дека испораката била регуларна, дека крајната дестинација бил Ирак и оти во текот на пловидбата биле придружувани од брод на НАТО.
На 16 декември впловиле во пристаништето Ал Мукала за да се снабдат со гориво, а по три дена биле притворени од страна на пристанишната полиција. Тој ги обвинувал јеменските власти дека сакале да го задржат оружјето кое е наменето за Ирак.
Властите на Јемен тврделе дека капетанот дал контрадикторни изјави за товарот и дестинација и негирал дека во бродот носи оружје спротивно на домашните закони и меѓународните договори. Според обвинението албанските морнари ги прекршиле меѓународните закони и правила,при што најбитно е пловење на море со запалливи срeдства и мунизија, без да се придржува на определените меѓународни кординати.