Во јуни се очекува новата стратегија за развој на туризмот

Од:

Во јуни се очекува Владата да ја донесе новата стратегија за развој на туризмот, а потоа да почне собраниската процедура, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на седница за пратенички прашања. Се работи и на најновиот нацрт за новиот закон за туризам за што ќе има јавни дебати.

Бектеши соопшти дека секторот туризам лани ги урнал рекордите од самостојноста на државата. Покрај зголемувањето на бројот на туристи, се субвенционираат и македонски граѓани кои немаат доволно приходи за летни или зимски одмори.

-На илјадници граѓани на крајот од 2017 и од 2018 година им се даде можност да ги посетат нашите туристички места, рече Бектеши, додавајќи дека се работи и на нов бренд за туризам во државата.

Во однос на поврзаноста на туризмот и рудниците тој, во одговор на пратеничко прашање, рече дека Министерството за економија не прави компромис со здравјето на граѓаните.

-Бевме и претпазливи за да не ја оштетиме државата од финансиски аспект и од можна арбитражна постапка, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ