Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска праша зошто не е се уште пуштен автопатот Миладиновци-Штип и покрај најавите од пред еден месец дека ќе го пуштат во употреба.
Министерот Сугарески одговори дека било констатирано дека се уште не е безбедно, но Ласовска не беше задоволна од одговорот, обвинувајќи го Сугарески за популизам.
Дискусијата премина во дофрлување од место, а колегите министри се обидуваа да го смират Сугарески.
„Имавте доволно време да ги отстраните сите недостатоци. Ова се прашања на граѓаните на цел тој регион. Зошто дававте такви изјави дека денес ќе се пушти, утре ќе се пушти. Тоа е популистичка ваша изјава. Нели се боревте против популизам. Не мора свечено, пуштете го патот, па после избори правете свечено отворање“, рече Ласовска.
Галена Николовска-Ризвановиќ