Плишкова се пласираше во полуфиналето во Мајами

Од:

Каролина Плишкова (Чешка) ја победи својата сонародничка Маркета Вондроушова и се пласираше во полуфиналето на силниот тениски турнир во Мајами со награден фонд од 9 милиони долари.

Поставената под број 5, Плишкова ја елиминира 59-тата на ВТА листата Вондроушова со 6:3, 6:4 за час и 21 минути игра.

Поранешната број 1 во светот не остави сомнеж за нејзината супериорност над противничката. Плишкова дојде до ран брејк во првиот сет и стигна до успех во него со 6:3. Во вториот дел Вондроушова поведе со 3:0, но потоа настапи пад во нејзината игра и поискусната противничка зеде 5 гема едно по друго.

Маркета го зеде својот сервис-гем, а потоа пропушти две можности да го израмни резултатот, што и донесе пораз во натпреварот.

За место во финалето, Кристина Плишкова ќе игра со Симона Халеп (Романија), која ја отстрани Цјан Ван (Кина) по 6:4, 7:5.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ