Снимката на која се гледа како папата Франциск упорно ја трга раката за да избегне верниците да го бакнат неговиот прстен на раката е најновата тема на судир помеѓу конзервативната и прогресивната струја во Римокатоличката црква.
Откако беше објавена снимката која е направена за време на посетата на папата во италијанскиот град Лорета, се огласија и критичарите и поддржувачите на папата.
Конзервативниот католички сајт „Лајф сајт нјуз“ кој често го критикува папата, ја опиша оваа случка како „вознемирувачка“ и пишува за долгата историја на прстените кои ги носат папите како и нивното значење.
-Фрањо, ако не сакаш да бидеш Христов намесник, тогаш бегај одовде, напишаа на Твитер католичките традиционалисти.
Од друга страна, биографот на папата порача дека Франциск се обидува верниците да воспостават релација со него, а не да се однесуваат кон него како кон некоја „света реликвија“.
-Тој е Христов намесник, а не римски цар, порача неговиот биограф.