Авион Боинг 737 Макс денеска мораше итно да слета на Флорида поради проблеми со моторот.
На летот на авионот на Саутвест ерлајнс немало ниту еден патник, туку само екипаж кој го преснесувал во складиште во Викторвил, Калифорнија.
Како што се наведува, посадата на авионот најавила итно слетување кусо време по полетувањето од аеродромот во Орландо околу 2:50 часот по локално време, поради што авионот се вратил во градот.
Портпаролката на аеродромот Керолин Фенел изјави дека една од трите аеродромски писти била затворена за да биде чиста за слетување на авионот, како и дека според процедурата, пистата била прегледана за да види дали има остатоци од авионот на неа.
Ова е уште еден во низата дефекти на моделот Боинг 737 Макс. Последиот беше пред две седмици, кога се урна авион на Етиопиан ерлајнс при што загинаа 157 лица.