МЗШВ и одгледувачите на овци заеднички ќе креираат политики за развој на овчарството

Од:

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работен состанок со здруженијата на одгледувачи на овци и Институтот за сточарство. На средбата се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и просечната откупна цена.

Претставниците од здруженијата на одгледувачи на овци ги изнесоа своите барања. Поради ниската откупна цена, побараа државата да интервенира со дополнителна мерка која што ќе ја покрие разликата помеѓу производната и пазарната цена. Второто барање на одгледувачите на овци беше, за оние сточари кои што се влезени во системот на контрола за исплата на субвенции, да се забрза постапката за исплата на субвенциите.

Од страна на МЗШВ беше посочено дека по завршувањето на откупот на јагне ќе се анализираат податоците од терен и по завршувањето на вториот круг на претстојните претседателски избори МЗШВ ќе излезе со соодветно предлог решение, со цел сточарите да не трпат загуби од сопственото производство. Во однос на исплатата на субвенциите, МЗШВ ги информираше одгледувачите на овци дека ќе ја извести Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој.

Во меѓувреме, секое здружение до МЗШВ ќе испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена, истата ќе се спореди со анализите на МЗШВ со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци.

И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите, важно е да се знае точната бројка на овци.

Во текот на вчерашниот во МЗШВ се одржа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на кој што исто така се разговараше за состојба со откупот на јагне и за извозот. Од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.

Од МЗШВ велат дека заедно со Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да не прават загуба. Паралелно, МЗШВ посочи дека континуирано работи на воспоставување на контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото, а веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата