Овој петок, 29 март, во Музејот на македонската борба во 20 часот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт посветен на звукот на современиот француски композитор Јан Тирсен. На програмата е музиката на Тирсен напишана за филмските остварувања „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ и „Збогум Ленин!“, како и композиции од албумите „Светилник“ и „ЕУСА“.
Посетителите истата вечер ќе имаат можност да ја проследат изложбата „Скопје на штипка“ на фоторепортерот Дарко Попов, чиј објектив сведочи за урбано и суптилно Скопје, низ детали кои пркосат на целината, а зборуваат за уметност, инспирација, храброст и сеќавања.
Двата проекти се дел од програмата за култура на Град Скопје за 2019 година, а се реализираат со поддршка на Слобода филм, Минимал, СОКОМ и Музејот на македонската борба.
Влезот е слободен.