Овчарите не сакаат субвенции, туку соодветна цена за јагнето

Од:

Не ни требаат субвенции, туку соодветна откупна цена за јагнето, велат одгледувачите на овци кои денеска во Министерството за земјоделство трет пат ќе се обидат да најдат решение за критичната, како што велат, состојбата во која се наоѓаат.

Како што изјави за МИА претседателот на здружението „Шарпланинец“ и претседател на регионалното здружение на овчари за Западна Македонија, Меџити Амити, цената на јагнето моментно е 120 денари килограм жива мера, а според производните трошоци треба да биде минимум 165 – 170 денари.

-Сите не лажат. Крајно време е веќе да се преземат сериозни мерки за поддршка на овчарството. Ако не добиеме соодветна цена ќе одиме во загуба, ќе ги продадеме овците и ќе преминеме на тутун или на некоја друга култура. Прв јас ќе ги продадам моите 4.000 овци. Субвенции не сакам, нека ни дадат соодветна цена, вели Амити.

Поради, според него, несоодветните политики на државата која не го препознава овчарството како гранка од национален интерес, бројот на овци од 500.000, се намали на едвај 300.000.

-И се чудам на државава. Сите овци се продадоа, немаме работна сила, немаме средства и никој не прави ништо. Не можеме да се издржуваме, ситуацијата е многу критична. Три години е вака и никој не обрнува внимание, а 15 милиони евра девизен прилив се остварува од јагнето во земјава. За разлика од нас, Србија од 100.000 овци некогаш, сега има четири милиони, но дава 65 евра субвенција, а не 15 евра како кај нас, потенцира Меџити.

Според него, грчките трговци за јагнето даваат по 6,7 евра. Конкретно, толкава е цената во Лариса, а нашите велат дека не можат толку да го продатат. Притоа, најмногу соработуваат со Хрватска и Италија.

-Првиот состотанок со надлежните немаше резултат, вториот исто. Денеска трет пат ќе се обидеме да најдеме решение, истакна Амити, додавајќи дека Министерството не ги информирало за вчерашната средба со откупувачите.

На средбата, како што соопшти МЗШВ, откупувачите посочиле дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето ќе биде откупено во целост.

Во моментов земјава располага со 150.000 – 200.000 јагниња за продажба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата