Надал се врати! Последната титула Шпанецот ја освои минатата година на Ролан Гарос, а сега во финалето на турнирот во Сао Паоло го доби Давид Налбандијан со резултат 6:2, 6:3.
По два последователни меча во три сета, Надал најлесно го реши во своја корис мечот кој се очекуваше да биде најнеизвесен. Траеше 78 минути, а Надал беше во големи маки во вториот сет.
Губеше со 3:0, со два брејка заостанување, правеше многу неизнудени грешки, а му пречеа и блицовите од фотоапаратите. Но по третиот гем, Рафа почна да игра подобро, а Налбандијан како да исчезна од теренот.
Надал го засили ритамот, освои шест гема во низа и ги подигна рацете во знак на радост – 51. титула, 37 на земја.
Шпанецот сега ќе се натпреварува на турнир во Акапулко.