Надал во финалето и во Сао Паоло

Од:

Шпанецот Рафаел Надал и Давид Налбандијан ќе се борат за титулата на турнирот во Сао Паоло. Надал, кој минатата недела се врати на теренот, по шестмесечна пауза поради повреда, во полуфиналето беше подобар од Мартин Алунд од Аргентина со 6:3, 6:7 (2:7), 6:1.

Некогашниот тенисер број еден и освојувач на 11 Грен слем титули, со победата над Алунд дојде до финалето на вториот турнир по ред, откако минатата недела беше поразен во Чилe во борбата за титулата.

27-годишниот Алунд, кој во Сао Пауло дојде како „лесен противник“, никогаш пред овој турнир во кариерата не добил ниту еден меч во главната ждрепка. Аргентинецот против Надал играше одлично, особено во вториот сет, но во третиот не можеше да му парира на моментално 5-от рекет на светот и го изгуби полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех