Истрага за неовластено пуштање во промет на марихуана пронајдена на задно седиште во автомобил

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластена продажба на марихуана.

На 23.03.2019 година, тој со автомобил „фоксваген пасат” кој не бил во негова сопственост, на крстосницата меѓу булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ бил забележан од полицајци дека поминал на црвено светло. Притоа, му била дадена наредба да го запре возилото, но осомничениот побегнал, по што по радио врска била објавена потрага по него.

Со поставена блокада на регионалниот пат Скопје-Велес кај Трубарево возилото било запрено, а полициските службеници извршиле легитимирање на осомничениот, личен преглед и преглед на возилото. На задното седиште од автомобилот била пронајдена марихуана со вкупна нето маса од 3.247,6 грама спакувана во три пакувања. Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за притвор за осомниченото лице, ценејќи пред се дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегна кривичниот прогон или да го повтори кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он