Демонстранти го блокираа пристаништето во Порт Саид

Од:

 Илјадници демонстранти го блокираа денеска пристапот до пристаништето Порт Саид и протестираа пред административните згради во египетскиот град барајќи правда за смртта на десетици лица во немирите минатиот месец.

Порт Саид беше зафатен од бран насилства, откако кон крајот на јануари судот изрече смртни казни за 21 лице, во најголем дел локални фудбалски навивачи, за учество во тепачка на фудбалски натпевар пред една година во која загинаа над 70 лица. Поголемиот број од жртвите беа навивачи на гостинскиот фудбалски клуб од Каиро.

Во денешните протести, организирани од навивачи на фудбалскиот клуб Порт Саид, учествуваа околу 3.000 лица.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина