Најмалку десет лица загинаа, а стотици се повредени во лизгање на земјиште и поплави во северниот дел на Индонезија.
Кал и карпи паѓаат во седум дистрикти на Манада, главниот град на провинцијата Северен Сулавеси, а над 1.000 домови се поплавени по излевање на река, изјави претставникот на службата за вонредни ситуации Сутопо Пурво Нугрохо.
Според него девет тела се извлечени од рушевините, а едно од надојдената вода, додека над 1.200 лица се сместени во привремени засолништа.
Спасувачките екипи трагата по уште повредени.
Сезонските обилни врнежи секоја година предизцикуваат десетици поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија.