МФ: Ја интензивираме финансиската едукација

Од:

Училиштата можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација за своите ученици во Министерството за финансии. Ова е во рамки на кампањата на Министерството за финансиска едукација.

За посета на Министерството за финансии или пак предавања од вработените на Министерството во училиштата, можат да се пријават основни, средни училишта, но и факултети. Тоа може да го направат на е-мејл адресата [email protected].

Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека во наредниот период Министерството планира поинтензивна кампања за финансиска едукација.

– Финансиската писменост, познавањето на финансиските услуги и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки – вели Тевдовски.

Во рамки на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии има организирано повеќе посети и предавања на основни и средни училишта.

И министерот за финансии се приклучи кон акцијата. Тевдовски вчера одржа предавање во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а следната недела ќе биде и на Универзитетот во Штип.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска