Неделава во Европа пристигнуваат 1.500 американски војници

Од:

Во текот на оваа недела во Берлин ќе пристигнат 1.500 американски војници кои потоа продолжуваат во Полска, на полигонот за воени вежби со војската на таа држава.

Во вторникот од базата „Форт Блис“ во Тексас, во Германија пристигнаа првите 350 војници, а командата на американската војска за Европа соопшти дека пристигнувањето на американските војници не е одговор на некоја реална ситуација, туку вежба за поддршка на НАТО при акциите за брза реакција.

Концептот кој го разви поранешниот американски министер за одбрана Џим Матис подразбира воена акција за брза реакција со цел на противниците да им се покаже воената подготвеност, но и „стратешката предвидливост на НАТО сојузниците и партнерите“.

За потребите на обуката, во околината на Дравско-Приморскја, која ќе трае неколку недели, од Холандија ќе бидат донесени 700 оклопни и други парчиња воена опрема.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски