Ирачките власти соопштија дека најмалку 83 луѓе загинале при вчерашното потонување на претоварен траект во реката Тигар во близина на Мосул.
На траектот имало повеќе од сто луѓе, меѓу кои жени и деца, кои славеле курдска Нова година и доаѓањето на пролетта.
Според ирачките власти причина за несреќата се технички проблеми.
Локалните медиуми објавија дека по несреќата приведени се девет лица кои организираат превоз преку Тигар.