„Шарени бои за поддршка на различноста“ – Општина Аеродром го одбележа Денот на лицата со Даунов синдром

Од:

Под слоганот „Шарени бои за поддршка на различноста“, Општина Аеродром и ООУ„Александар Македонски“ го одбележаа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

На настанот се претставија деца со Даунов синдром и нивните соученици од различни одделенија, а свое излагање имаше Марија Делетиќ, директорка на училиштето „Д-р Златан Сремец“, кое има своја подрачна паралелка во рамките на ОУ„Александар Македонски“, соопшти Општина Аеродром.

– На сите ученици би им порачала да бидат пример за своите другарчиња со Даунов синдром, истакна Делетиќ, која додаде дека различноста треба да се промовира како предност, а не како недостаток.

Во знак на солидарност со лицата со Даунов синдром, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои. Целта на оваа манифестација е дружење и социјализација на овие дечиња, како и подигнување на свеста за потребата од нивна инклузија во општеството.

На денешниот настан присуствуваа и претставници од организацијата „Отворете ги прозорците“, како и претседателот на Европската шаховска федерација Зураб Азмајпарашвили од Грузија и Благоја Богоевски, претседател на Македонската шаховска федерација, кои им доделија пригодни подароци на дечињата со Даунов синдром.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи