Тетовка обвинета за продажба на хероин и психотропни супстанции во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетата жителка на Тетово, во домот во кој што времено престојувала во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 31,62 грама, како и психотропни супстанции – половина таблета метилен-диоксиметамфетамин и 0,67 грама псилоцин. Наркотичните средства биле пронајдени при претресот на домот во кој престојувала обвинетата на 24.01.2019 година.

Со оглед на тоа што се уште постојат причините поради кои на сега обвинетата и беше определена мерка притвор од страна на судијата на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на притворот“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он