Ќерката на Назербаев избрана за претседател на казахстанскиот Сенат

Од:

Сенатот во Казахстан ја избра ќерката на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев за свој претседател, со што таа се наметнува како потенцијален кандидат за претседател на изборите што ќе се одржат во април следната година.

Државната новинска агенција информира дека сенаторите ја избрале Дарига Назербаева за нивни претседател, само еден ден откако нејзиниот татко, Нурсултан Назарбаев по 30 години на власт најави дека се повлекува од функцијата шеф на државата.

Поранешниот претседател на Сенатот Касим-Јомарт Токаев утрово положи свечена заклетва како претседател на Казахстан до следните избори.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан