13-годишно девојче повредено во сообраќајка во Скопско

Од:

Тринаесетгодишно девојче се здоби со тешки телесни повреди откако удрило во неа патничко возило „форд фокус“ на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес со сервисна улица која води кон населбата Нова Колонија.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 13:20 часот кога во девојчето удрило возилото со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(56) од Скопје.

Повреденото девојче од село Идризово било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски