ПСЖ ја доби “војната” со УЕФА околу финанскиот ферплеј

Од:

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) објави дека ја поддржал жалбата на Пари Сен-Жермен против УЕФА по казните за финансискиот фер-плеј (ФФП).

ПСЖ во октомври 2018 се жалеше на одлуката на финансиската контрола на УЕФА (ЦФЦБ) повторно да ја отвори истрагата за ФФП во јуни и сега по одлуката на ЦАС, ПСЖ имаат избегнато санкции за 2015, 2016 и 2017 година. ЦАС одлучи дека ЦФЦБ самата има поставено лимит од 10 дена и секоја постапка мора да се донесе во тој рок.

ПСЖ не реагираше со триумфализам на одлуката, велејќи дека ќе продолжат со развојот на клубот, но додавајќи дека ќе бидат транспарентни пред УЕФА. Од УЕФА пак, најавија промена на правилата.

„Ќе размислиме за имплементирање на разјаснувања на нашите правила по одлуката на ЦАС“, пишува во соопштението на УЕФА.

ПСЖ останува под лупа за трансферите од летото 2017 година, вклучувајќи ги големите трансфери на Нејмар и Килијан Мбапе.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано