ЕК одвои 500 милиони евра за одбранбени проекти на ЕУ

Од:

ЕУ објави дека ќе финансира до 500 милиони евра во проекти поврзани со одбраната, како што е создавањето на „Евродрон“.

Европската комисија соопшти дека 100 милиони евра се наменети за развој на дрон кој ќе помогне во независноста на Унијата од американската технологија.

Брисел се обидува да ги оптимизира европските трошоци за нова воена опрема и се обидува да ја направи поекономична и со помалку отпад.

– Со инвестициите на ЕУ што ги објавуваме денеска, се движиме од идеја кон конкретни проекти, а со тоа ги зајакнуваме нашите одбранбени индустрии, изјави комесарот за индустрија Елжбиета Биенковска.

Комисијата наскоро ќе предложи проекти во пет приоритетни области. Дел од нив ќе бидат безбедни комуникациски, разузнавање и технологии за заштита на вештачка интелигенција.

– Соработката во одбраната е единствениот начин да ги заштитиме Европејците во овој нестабилен свет, изјави заменик-претседателот на Европската Комисија Јурки Катаинен.

Комисијата предложи буџетот за обрана од 2021 до 2027 година да изнесува 13 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он