Коснет: Косовските институции не си ја вршат работата, граѓаните заслужуваат некорумпирани лидери

Од:

Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет денеска изрази разочарување поради недоволните залагања на косовските државни институциите за искоренување на корупцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во своето обраќање на официјалното отворање на Единицата за борба против измами, што ќе функционира во рамките на Националната канцеларија за ревизија, а која се формира со помош од САД, ги повика институциите да се борат против корупцијата и воедно да бидат транспарентни во однос на граѓаните и граѓанскиот сектор.

– Ме радува формирањето на Единицата за борба против измамите, бидејќи оваа единица е жив пример за тоа како правото и напредокот се надополнуваат и како еден систем за контрола врз властите се става во функција. Многу институции не си ја вршат својата работа и не дејствуваат според препораките на Канцеларијата за ревизија. Со жалење констатирам дека само една третина од институциите си ја завршиле работата откако од оваа Канцеларија им било укажано за прекршувања, рече Коснет.

Американскиот амбасадор порача дека граѓаните на Косово заслужуваат некорумпирани и транспарентни лидери и институции.

– Канцеларијата за ревизија ги јакне своите напори за да ги открие измамите и корупцијата. Граѓаните залужуваат институции кои се одговорни и целосно транспарентни и отчетни и кои се борат против корупцијата, порача Коснет.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ