Се обележуваат велосипедски патеки, се изработуваат веб-страница сајт, апликација и промотивно видео за Крушево

Од:

Преку проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ преку програмата ИПА 2, во тек е обележувањето на патеки за планински велосипедизам во должина од 40 километри, како и изработка на веб-сајт, апликација и промотивно видео за Крушево.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, со ова Крушево ги подобрува условите за развојот на туризмот, туристичката промоција на градот и креира повеќе алатки преку кои ќе се таргетираат потенцијалните посетители на Крушево.

-Во напредна фаза е имплементацијата на проектот преку Светска Банка и во моментов, меѓу другото, работиме на обележување на патеки за планински велосипедизам во должина од 40 километри и изработката на неколку промотивни и информативни алатки: веб-страница, „Андроид“ и „Ајфон“ апликации и промотивно видео со кое ќе се опфатат туристичките атракции, историјата, културата и традицијата на Крушево, овјаснува Христоски.

Од Општината најавуваат дека престојат уште многу активности, како дел од овој проект.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари