Муслиманите во Британија бараат средства за обезбедување на џамиите

Од:

Муслиманските водачи во Британија побараа од властите да им дадат средства за обезбедување на џамиите, како што тоа беше направено за еврејската заедница во земјата, по минатонеделниот напад во Нов Зеланд во кој загинаа 50 лица.

Генерален секретар на Муслиманскиот совет на Велика Британија, Харун Канќ предупредува дека постои ризикот од слични напади и во Британија.

Владата ја зголеми финансиската помош за еврејските институции по зголемувањето на бројот на антисемитски напади, ветувајќи 14 милиони фунти за поддршка на безбедноста во околу 400 синагоги и 150 еврејски училишта, што е еднакво на 25.000 фунти по институција.

Кан ја повикува владата да покаже иста таква поддршка и за муслиманските заедници.

Во писмото што Кан ѝ го испрати на премиерката на Британија се вели дека 52 отсто од целиот криминал од омраза на верска основа се злосторства против муслиманите. Тој додава дека со оглед на тоа што џамиите се отворени седум дена во неделата, ризикот од слични напади како тој во Нов Зеланд е голем, особено во време кога десничарското движење зема замав.

„Долгорочната посветеност на обезбедување на муслиманските заедници слично како еврејските е апсолутно неопходна во овие проблематични времиња кога се бориме со тоа да постигнеме рамнотежа меѓу потребата од безбедност и нашата желба за континуирана отвореност“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски