„Плати со поезија“ в четврток на осум локации во Скопје

Од:

Годинашната акција „Плати со поезија“ на брендот на кафе „Јулиус Мајнл“ в четврток, по повод Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе се одржува на осум локации во Скопје. Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе, оваа година ќе се одржува во 40 земји.

За разлика од минатите, оваа година сите што ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл. Само шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни 2019 година.

-Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem, наведува организаторот.

Осумте угостителски локали во Скопје во кои заинтересираните може да платат кафе со поезија годинава се: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар-бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21.

Тие ќе имаат можност и за средба со млади македонски поети и писатели кои ќе им помогнат на стихотворците да ја пронајдат, како што наведува организаторот, „внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл“.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот